Календар на селски слави и настани во Мариово.
Секоја исправка или пак предлог за збогатување на оваа листа е добредојдена. Предлозите можете да ги испраќате на: itarpejo.org@gmail.com
Селски слави и настани во Мариово
19 Јануари – Богојавление – ВОДИЦИ (Прочитај повеќе за празнувањето на Св. Јован и Водици во Мариово)
– – – – – –
31 Јануари – Св. Атанасиј Велики
Селска слава во:
- Витолиште (Повеќе…)
- Галиште (Повеќе…)
- Св. Атанасиј, село Старавина (Повеќе…)
- Св. Атанас, с. Зовиќ (Повеќе…)
- Св. Атанас, с. Градешница (Повеќе…)
- Св. Атанасиј Велики (1860 год), Ивени (Повеќе…)
– – – – – –
ВЕЛИГДЕН (Повеќе)
Селска слава во:
– – – – – –
Спасовден – Христовото вознесение – (40 дена по Велигден)
Селска слава во:
- Вепрчани (Повеќе…)
- Кален (Повеќе…)
- Полчиште (Повеќе…)
- Xрам Вознесение Христово (Св. Спас), Ивени (Повеќе…)
- Рожден (Повеќе…)
- Св. Спас, Рожден (Повеќе…)
- Св. Спас, Градешница (Повеќе…)
- Св. Спас, Манастир Чебрен (Повеќе…)
- Рапеш (Повеќе…)
– – – – – –
Духовден (десет дена по Спасовден, педесет дена по Велигден)
Селска слава во:
– – – – – –
7-ми Април – Планинарски марш – ЗАПОЗНАЈ ГО МАРИОВО (Повеќе …)
– – – – – –
6 Мај – Св. вмч Георгиј – ЃУРЃОВДЕН (Повеќе …)
Селска слава во:
– – – – – –
15 Мај – Пренос на мошти на Св. Атанасиј Велики
Селска слава во:
- Св. Атанасиј, село Старавина (Повеќе…)
- Св. Атанас, с. Зовиќ (Повеќе…)
- Св. Атанас, с. Градешница (Повеќе…)
- Св. Атанасиј Велики (1860 год), Ивени (Повеќе…)
– – – – – –
Крај на месец Мај – Mariovo off-road experience: enter the wilderness (Повеќе …)
– – – – – –
Почеток на месец Јуни – Средба во село Зовиќ (Повеќе …)
– – – – – –
Крај на месец Јуни, почеток на Јули (сабота, недела) Џип Турнеја Мариово (Повеќе …)
– – – – – –
01 Август – Св. Пророк Илија – ИЛИНДЕН
Селска слава во:
02 Август
– – – – – –
08 Август – Св. преп мч-ца Параскева – Св Петка
Селска слава во:
- Бешиште – Манастир Св. Петка (Повеќе…)
- Св. Петка, Груништа (Повеќе…)
- Маково – Манастир Св.Петка (Повеќе…)
– – – – – –
09 Август – Св. вмч Пантелеј
- Св. вмч Пантелеј (Пантеле) с. Бешиште
– – – – – –
28 Август – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
Селска слава во:
– – – – – –
21 Септември – Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица
– – – – – –
27 Октомври – Преп. Параскева – ПЕТКОВДЕН
Селска слава во:
- Бешиште (Повеќе …)
- Будимирци (Манастир Св. Димитриј, Трново) (Повеќе …)
- Живово (Повеќе …)
- Чаниште (Повеќе …)
- Рапеш (Повеќе …)
– – – – – –
08 Ноември – Св. вмч Димитриј – Митровден
Селска слава во:
- Зовиќ (Повеќе …)
- Живово (Повеќе …)
- Дуње (Повеќе …)
- Манастир (Повеќе …)
- Гуѓаково (Повеќе …)
- Св. Димитриј, Градешница (Повеќе …)
- Св. Димитриј, Чебрен (Повеќе …)
- Св. Димитриј, Брник (Повеќе …)
- Св. Димитриј, Груништа (Повеќе …)
- Манастир Св. Димитриј, Трново (Повеќе …)
– – – – – –
21 Ноември – Собор на Св. Архангел Михаил
Селска слава во:
– – – – – –
19 Декември – Св. Никола
– – – – – –
Селските и манастирските слави, биле и сеуште се одличен начин за собирање на луѓето и враќање во нивните родни краишта.
Во минатото тоа бил одличен начин за комуникација помеѓу луѓето од различните села. Скоро во секое село се имало по некој побратим, кој морало да се посети на неговата селска слава и нормално братски да се пречека на својата.
И денес доколку не беа селските слави, многу деца немаше да знаат од каде потекнуваат и немаше да ги познаваат многу свои роднини.
Во овие денови живнуваат селата во Мариово и барем за кратко се враќа животот во нив.
Токму поради тоа е креирана оваа статија, која не е конечна и воедно добредојдена е секоја исправка или пак предлог за нејзино збогатување.
Коментарите можете да ги праќате на: itarpejo.org@gmail.com