Откријте го Мариово

Сенка ce засени
од врв планината,
од Маркови кули;
Марко болен леже.

Марковата мајка
до глава му седе,
тихо му прикажва:
– Стани Марко, стани,
стани мило чедо,
Турци зулум прават.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu