Сенка се засени
од врв од планина,
од зелени борје,
во Јанини дворје;
Јанината мајка
во двор крави молзе,
Турци под трем седат
турски си зборваја:
-Јана не прилега
кавурка да биде,
Јана ја прилега
кадана да биде,
на кула да седе.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: семејна