Откријте го Мариово

Се посврши мало моме,
во четврток се посврши,
во петокот госје кани,
во сабота госје дошле,

во недела свадба прави.
До полноќа здраво било,
од полноќа се разболе,
ни станува ни зборува,
само еднаш проговори:
-Ој ти мајко стара мајко,
ај викни го мојто либе,
да ми прости бурма прстен,
да му простам шар чорапи!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu