СЕ ПОВАЛИ ШАР ПЛАНИНА – лирска песна

Booking.com

Се повали Шар Планина,
со висина, со ширина
и со трева детелина;
трева има сенка нема,
угу едно суво дрво
и това е нишанито,

нишанито бележито:
на коренот лута змија,
на вршката самовила.
Таму Стојан пладнуваше,
пладнуваше преспиваше
со дробните шилежиња.
Ми пладнува шес недели,
му говори самовила:
-Ој Стојане, јаловаре,
плати ми ја киријата,
киријата за сенката,
што пладнува шес недели.
-Самовило посестримо,
ќе ти платам киријата,
 киријата за сенката;
ќе ти дадам руди овци,
руди овци се калеши.
My говори самовила:
– Ој Стојане јаловаре,
јас не барам руди овци;
јас си барам се јунаци,
се јунаци како тебе.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: самовилска

Booking.com