СЕТЕ ТУРЦИ НА ЏАМИЈА ОДАТ – епска песна

Booking.com

Сете Турци на џамија одат,
Имиш-ага дома болен леже,
болен, болен, на зла на умрење,

никој нема завал покрај него,
угу седе верна посестрима:
-Кажи Имиш, кажи мил побратим,
кажи, кажи, од што болка лежиш,
кажи, кажи, што греови имаш?
-Ејди Недо, верна посестримо,
дил ме питаш право ќе ти кажам,
кога бевме млади аџамии,
аџамии страшни арамии,
поминавме низ гора зелена,
си најдовме, Недо, едни трла,
полни рамни со руди јагниња,
запалиме, Недо, изгореме,
од жалови роса ми зароси,
од гревови силен ветер дуна.
 Едно јагне јагне најраниче,
раненче завал ми прерипна
јас го ватив пак в’огнот го врлив.
Поминаме крај Јанина града,
коње врзаме за Јанин јавор,
јас го врза за Јанинот ќивур,
коњот беше малце аџамија,
коњот срипа – ќивур го раскина,
ќивур се откорна – Јана се прогледа,
јаска се наведу мртва ја целива!
И му веле Неда посестрима:
-Ејди дејди, Имиш побратиме,
колку време болен како лежиш,
толку, Имиш, болен пак да лежиш!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: арамиска

Booking.com