Севдалино, мало моме,
уште ли си мома седиш,
уште ли си пари броиш,
сите пари ми ги зеде,
петстотини карагроша,
една рака жолти лири;
поврати ми од парите,
да си купам едно коњче,
да не одам пеш по село,
да ме лајат кучињата,
да се смејат чупињата,
и невести од година,
и вдовици сиротици,
и дечиња сирачиња.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ангелина Пиљовска, родена 1933 година во с. Груниште; во 1953 таа имаше 20 год.
Вид на песна: љубовна