Откријте го Мариово

Се заколна лудо младо
петок вино да не пие,
петок перче да не чешла,
Петок коња да не вјава.
Што си стана едно утро,

едно yтpo во петокот;
си исчешла русо перче,
и се напи рујно вино,
и си вјана брза коња,
што отиде на чешмата
таму најде мало моме:
-Дали има в село вино?
Α момето проговара:
-Β село нема, у нас има;
имам сестра крчмарица,
ама ми е мошне скапа,
чашата е за стотина,
капката е два влорина!
-Mope моме, мало моме,
оди дај ми чаша вино,
ќе ти дадам два влорина.
Се излага мало моме,
му подаде чаша вино;
не се вати за чашата,
a ја вати за раката,
си ја врли на коњчето,
ја однесе дури дома,
кај мајка му, кај татка му.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu