Откријте го Мариово

Мајка учи Стојан добер јунак:
„Учи, карај, синко, невестата,

„Да не јоди на студена вода,
„Да не с’ лепо, лепо променува;
„Она љуби добер јунак,
„Него љуби, тебе ќе погуби!” —
„Дејди, мајко, мајко тамаќарко,
„Нек се лепо, лепо променува!”
Што јотиде Стојан добер јунак,
Што јотиде кај белата чешма,
Ми се качи високи буклинки:
Она дојде, млада Стојаница,
Она дојде на студена вода,
Ај, по неа добер јунак;
Ето добер јунак,
Ка’ ми води добра коња, —
Од далеко селам си правеја!
Оној Стојан високи буклинки
Ми ја гледа негова невеста,
Ми ја гледа млада Стојаница,
Кај ми игра добер јунак!
Што се врати Стојан добер јунак,
Што се врати, дома си јотиде,
Си покани негов’ пријатељи,
Он ји вели, невеста ји збори:
„Ој, невесто, мило добро моје,
„Али слуга сакаш да ти служам,
„Али свеќа, свеќа ќе ми светлиш?” —
„Ој, Стојане, Стојан добер јунак,
„Ој, Стојане, мили мој стопане:
„Слуга — да ми тебе криво биди,
„Кој за рака мене ќе повати,
„Тебе хатер, хатер ќе јостани;
„Ами свеќа, свеќа ќe ти светлам!”
Стана Стојан, Стојан добер јунак,
Ја повати јубава невеста,
Ја завитка шамак-ругузина,
Ја натури газја и катрано,
Ја запали долу од нозите!
„Ој, Стојане, Стојан мој стопане!
„Не ли жалиш за мојата младос?
„Не ли жалиш за мојата става ?
„Не ли жалиш моја јубавина?”

 

 

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu