Откријте го Мариово

Идам пијан од града,
Велико, мори!
Стретна моме под градо.

 

Стретна моме под градо
Сен ѓузел, мори!
Во градските ливаѓе.

За коњ трева береше,
Велико, мори!
Како ј’ брало, заспало.

Како ј’ брало, заспало,
Сен ѓузел, мори!
Co трева се завило.

Појдо да го разбудам,
Велико мори!
Летна моме да бега.

Сакаш — бегај, не бегај,
Сен ѓузел, мори!
Синоќ сум бил татка ти.

Синоќ сум бил татка ти,
Велико, мори!
Раван сабја јостави.

Paван сабја јостави,
Сен ѓузел, мори!
На сабјата мајрама.

На сабјата мајрама,
Велико мори!
Во мајрама иљада.

Иљадата татка ти,
Сен ѓузел, мори!
Јостра сабја брата ти.

Јостра сабја брата ти,
Велико, мори!
Мајрамата мајка ти!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu