Откријте го Мариово
ШИПИНКА – ROSA CANINA (ШИП, ШИПКА)

Шипот е разгранета грмушка висока до 3 метри, обрасната со трње.

Лисјата се срцести елиптични, назабени. Цветовите се крупни, мирисни и имаат розова или розово-бела боја. Плодот е шипинка која има црвена боја.
Шипот расте насекаде.

 

УПОТРЕБА:
Шипинката содржи голема количина витамин Ц, витамин П, витамин Б и к, органски киселини, шеќери, тaнини и друго.

sipka
Шипинката се користи за лекување на болести предизвикани од недостаток на витамин Ц или авитаминоза Ц, инфективни заболувања или детски проливи. има диуретично дејство и се користи за болести на уринарните органи, против артериосклероза, го намалува холестеролот во крвта, го подобрува апетитот, го подобрува метаболизмот, го закрепнува организмот поради што треба почесто да се применува.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu