Од Бога нареченије сиромајови синови да бидат једен цар, други богат! – предание

Booking.com

Имаше једен човек сирома. Тој одеше, на рамо си береше дрва. К’о одеше на дрва, си најде једно празно јајце. Туа во комшијите седеше једен Еврејин. Тоа јајце беше пишано.

„Чекај,” рече тој сиромајо човек, „ќe одам да му го дајим на Еврејино, да видиме: што пиши на ‘воа јајце?” И му го дал. Јајцето пишувало: „Кој ќе го вати пилето, да му ја изеди главата, тој можи да знаји во секоја држава што се прави; а кој ќe му го изеди џигеро, ќe му се след’ва под него по једен куп злато на ноќ.” И тој Еврејино нему рече на сиромајо, што j’ пишувало.
Тој сиромајо човек одеше секој ден на дрва, и го вати пиле од тоа јајце. Еврејино му го сакаше: му даваше једен кутел пари за пилето. Тој не го даваше. Направи једен кавез: „Ќе го раниме, бабо”, рече ји на бабата негова. Дојде време, сиромајо човек отиде на аџилок. Еврејино разбрал оти човеко што го ватил пилето о’шол на аџилок. Денеске го сака, утре го сака, секој ден го сакаше пилето на бабата. И једен ден се излага бабата: направија пазар! „Бабо”, рече Еврејино, „ќe го заколиме пилето, ќе го зготвиш; јаз ќe ја изедам главата и џигеро, а другото и чорбата ќe ја јадиш ти”. Се согласија.
Онаја баба имаше два деца. Обајица оделе на чколија. Баба зготвила пилето и си ошла на вода. Се погоди тоа време, пладнина. Дојдоа децата. Виделе во огништето грне чорба. Посегна једното дете со лажица — ја погоди главата! Посегна другото — го погоди џигеро! И појадоа! Оноа дете што изеде главата, му вели на другото: „Бегај сега, брате! Овија беа на Еврејино, а чорбава беше за нас!” И летнале да бегаја двете деца. Одија заједно три дена и три нoќa. Tpeќo утро се разделиле: „Ти, брате, ќe одиш по оној пат, јаз ќe одим по овој пат”, си рекле двете деца.
Во једен град имаше царски палати. Царо во тој град, во таја држава, секој ден нов ќe биди: денеске клави го, утре ќe умри! Тоа дете, што изеде глава, отиде тамо. Имаше једна скупчина. Ќе клавајат цар. Имаше једен стар наследник во столицата царска. Он го знајеше ножо од стар цар.
Од таја скупчина ји собраја на куп сете ножевите. Старијо наследник му вели па скупчината: „Кој ќe го одбери ножо од старијо цар, него ќe го клавиме цар да биди”. Оноа дете отиде, посегна и — веднеш го зеде ножо од старијо  цар! И го кладоа скупчина цар.
Тоа дете не знајеше оти умирале царевите. Виде, ќe му прават уште тој ден ковчег! Прашал некој човск: „Зошто је опој ковчег?” — „За царевите: секој ден клаваме по једен, и умираја! Бог да ји прости умрените цареви!”
Се стемнило. My дале да вечера на новијо цар. Излезе пред него од једна одаја једен голем грозен човек. И детето му вика: „Бујрум, да вечераме!” — „Фала ти!” му рече тој. Го запитва друго — неќел да збори! И детето му кажа наједнеш: „Ако си човек, ела да јадиме; ако си мртов, Бог да те прости!” И тогавај изговори големијо грозен човек:
„Алав да ти је столнината царството моје! Преди тебе од тија нови цареви никој не рече: „„Бог да го прости царо!””
За тоа ти правам алав царството моје!” И овоа дете остана цар — тако му било од Бога нареченије!
А другото дете, што изеде џигеро, отиде во једен другијо град. Никој не го знајеше. Леже кај једна сиромашка баба. Таја баба станала порано. Кога видела: кај детето једен куп пари злато! И ји собрала. Во тој град имаше једна големџица: једен збор—једен алтан ји чинал! И рекло детето на бабата: „Бабо, ќe одам кај големџица- — „Оди, синко; на ти пари.” Он отида; тамо си говореше со големџица. Она му рекла на слугите: „Земете две оки вино, турејте го во једен некалајисен котел, да вати бакар”. И така направиле слугите. И му даваја од ‘ноа вино на детето да пије. Детето се напило и зело да блува: до што је јало, сето изблувало! И го виде големцица џигеро што го изблувало детето, го зеде и го појаде, а детето го исфрли надвор.
Детето му беше страм да се врати кај бабата, и отиде во једна гора. Тамо најде две лозници: једна бела, друга црна. Каснало бело грозје — се сторило магаре! Каснало од црното грозје — се сторило па човек! Детето премислило једнеш: „Ќе наберам од ‘воа грозје, ќe отидам да продавам кај големџица и така направило. Го видела од џамо, ќe продава грозје: „Колко пари грозјето?” — „Једно зрно — једен алтан!” Ами туа имаше блиску једен аур. Дојде таја големџица, купи једно зрно бело грозје, каснала и се сторила магарица! И ја заведе детето во ауро. Таја големџица имаше деведесе и девет алајки, со неја сто! Једна по једна, једна по једна — продавајќи им бело грозје – зрно по зрно, зрно по зрно, ји направи сете магарици!
Кога ји сторило детето сете магарици, деведесе и девет алајки, со големџица сто, ајде, ќe прави карвано. My купи сто подопашници, тија ремени под газо што се клават; му купил и сто самари. Чул оти брат му царо ји прави калдрмите во царството, и посегна со карванот, да му носи песок и камење со сете сто магарици.
Дошол једен ден, се свршила и таја работа. И брат му царо му рече на брата си: „Прости ји, брате; направи ји па жени да бидат! Нека ја работат царскаја градина. Главната магарица, таја што одеше најнапред пред карванот, таја големџица што била, ќе ти биди невеста”. Послушал го брата си царо, му даде на сете магарици по једно зрно црно грозје — се сторија па жени! И ји заведоа во градината царска да работат, а големџица ја запреја за невеста му на детето. И оној џигер, што му го зела на блување, го поврна и она со блување, и си го изеде па детето. Си стана богат со пари: секој ноќ пo једен куп злато над главата! И си остана при брата си царо, во царски палати и тој да живеје, богат со злато — тако му и нему било од Бога нареченије!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

Booking.com