Славеи пејат во планината,
првиот пее за вечерање,
вториот пее за легнување,
третиот пее за станување.
Неда ми пее во градината,
пее и вели, вели говори:
– Ајде славеи да се натпејме,
тој што ми пее за вечерање,
јас ќе го ранам со суво грозје;
тој што ми пее за легнување,
јас ќе го ранам со ситен шеќер;
тој што ми пее за станување,
јас ќе го ранам со ситно просо!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: романса