Откријте го Мариово

Славејче ми пее
на дрво маслинка;
Драгица убава
на пиле говори:

– Пиленце славејче,
ќе се обложиме
кој ќе натпееме,
ако јас натпеам
крилца ќе ти сечам,
крилца до раменца,
нозе до коленца!
Славејче пееше
на девет јазици
со многу гласови
Драга ја натпеја.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доста Волчева, родена во с. Груниште, тука и омажена; тогаш (1953) имаше 65 години.
Вид на песна: романса

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu