Откријте го Мариово

-Слнце, мили братко,
вчера бргу зајде,
сега се забави,
што чудо ми пулиш,
што чудо ми гледаш?

-Чупи мили сестри,
лели ме питате
право ќе ви кажа:
-Вељо чудо пуља,
Богдан се делеше
од мајка од татка
и од девет сестри;
делба му дадоа
еден сажен земја,
еден сажен платно,
еден шарен угич,
една вурна лебец!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Стоја Ристевска, родена 1898 година во с. Груниште, а тука била и омажена; во 1954 година имаше 56 години.
Вид на песна: балада

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu