Слушајте браќа нашата песна,
кој ќе ја слуша тој е за душа,
нека ја слуша нека разбере,
нашите браќа турски робници,
нашите мајки турски алајки,
а сестрите турски посестрими;
кој ќе ја пее тој да живее,
тој да докаже нашето ропство;
моми, ергени китки редени,
пејте ја браќа нашата песна,
колку е жална, жална невелна,
жална невелна од нашто ропство!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ристе Ристевски, роден 1903 година во с. Старавина. Беше оженет и живееше во с. Груниште; тогаш (1953) имаше 50 години.
Вид на песна: семејна