Откријте го Мариово
СМРЕКА – JUNIPERUS COMMUNIS (КЛЕКА)

Смреката е зимзелена грмушка или дрво кое е високо до 3 метри.

Лисјата се игличести, сместени околу стеблото и гранките со по 3 иглички. Плодот на почетокот е зелен, а втората година кога ќе созрее е темно син или црвен.
Смреката расте на ридски места до 1800 метри надморска висина.

smreka

УПОТРЕБА:
За лек се употребуваат плодовите и етерските масла од нив. смреката се употребува како диуретично средство, против воспаленија на бубрезите и мочините патишта и простата, против воспаленија на дишни органи при пневмонија, бронхитис, колера и чума, воспаленија и грчеви во желудникот, цревата и жолчката, едем (задржување на вода), висок притисок, артритис и гихт. Надворешно, смреката се користи против ревматизам, гихт, за циркулација на крвта, против замор и слично. смрека не смеат да употребуваат бремени жени.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu