Собрале ми се набрале,
сите варошки девојки,
на варошките буништа.
Пуштиле Тода по вода,
пуштиле Неда по греда,
пуштиле Трна по трнки,
пуштиле Грозда по грозје;
Тода со вода си дојде,
Неда со греда си дојде,
Трна со трнки си дојде,
Грозда со грозје ја нема.
Ватиле ми е падари.
-Падаре селско магаре,
пушти ме бре да си одам,
ќе ти ја пуштам мајка ми!
-Ко те најдов тебе младо,
стара е, Гроздо, мајка ти.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Марчевски, роден 1930 година во с. Груниште, тогаш (1953) имаше 23 години.
Вид на песна: хумористична