Откријте го Мариово

Што излезе ран пеливан,
што распушти ортомите,
од сарајот до бунарот;
што е живо се излезе,
кадан Мина не излезе;

дур се мила дур се трила,
раце нозе каносала
лицето го нацрвила,
веѓите си чакмосала;
ко ја виде ран пеливан
премре замре, ничкум падна!
Селани му гајрет прават:
– Гајрет, гајрет, ран пеливан,
не е мома, а невеста;
момчето е на туѓина,
сега бргу книга дојде.
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: печалбарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu