Откријте го Мариово

Солунскиот ага
аргати береше,
мало старо враќа,
средно доба бере.

Скапа руга плаќа;
кому по пет гроша,
кому по четири,
мене десет гроша,
на крајот да седам,
аргати да гледам,
со него да спијам.
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: аргатска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu