Откријте го Мариово

Сонце сјоде заоѓа
зад невен гора зелена,
висока рида без сенка,
длабока дола без вода.

Девојка душа береше
на сува рида без вода,
ништо ми нема крај неа,
вишното небо над неа,
црната земја под неа,
љутата змија до неа;
змиЈата вели говори:
– Умри си умри, девојче,
да ти го јадам лицето,
да ти ги пијам очите!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu