Како се расипала женидба Сончева ? – предание

Booking.com

Некој пат сторило нијет Солнце да се жени. Ји поканило сете земни животни на свадба. И од ним много дошле, кој со коњ, кој со магаре, кој со маска, а кој без добиток пешки одејќи.

Много народ дошле, од сете страни, кој од десно, а кој од лево, кој од напред, а кој од надзад. Дошле сете од Земја. Само једен дедо-Тарло нема го да дојди. А бил поканет и тој, да му дојди на свадба кај Солнце.
Е, кога се собрале сете и сакале да тргнат по невестата како сватови, тија свадбари му кажале на Солнце: „Ајде, море зетко, нарани ји добиците добро, зошто ќe тргниме да одиме веќе”. Солнце отишло и му врлило сено да јадат добиците, и му текнало, оти дедо-Тарло го нема да дојди. Се вратило и му кажало на свадбарите: „Чекајте море луѓе, уште малце; уште једен неје дојден, дедо-Тарло, и тој сега ќe встаса”. Се искачило Солнце нависоко, за да види деда-Тарле, да л’ иди, да л’ не иди? А тој идел по пато, си терал криво магаре пред него и пешки си одил. Кога дошол кај Солнце, дедо-Тарло го врзал магарето близу до муцката и му клал пред него да јади једен камен белутрак. Кога станале свадбарите за да одат по невеста, секој си зел добиток. И тоги го виделе на дедо-Тарло магарето како стојало пред него камен белутрак, камен да јади! Сете ватиле да се смејат, и се кренало голем шум; не можеле да се разберат, кој зошто се смеје, и попаднале веќе од смеја. А дедо-Тарло тоги му рекол: „Зошто се смејете, народ бре, со глупоста, будалаштилок што имате вије?! Вије се смејете со мене, оти го учам магарчето уште сега да гриза камење! А не мислите вије, бре будали, оти до сега једно Солнце грејеше, и па по некој пат правеше голема зара: ќe изгореше и трева и жито и сет бериќет, а на години ништо ќe немаше за јадење, ни за луѓето, ни за добиците! А од сега, кога ќe се ожени овоа Солнце, оно ќe му даји Господ деца, а од децата, кој како посилно ќe биди, ќe греје уште пoвeќe, и тије мнозина Солнчиња ќe ја изгорат Земјата. Сега ни дели Солнце за на свадба одење сено и слама, а тоги нема веќе никаков бериќет да никни. Тоги што ќe јади стоката? Баре нека се учи уште од сега да гриза камење, а и није требе да се учиме камен да јадиме. За тоа сум го врзал ‘воа криво магаре да гриза тој камен белутрак, а вије будали се смејете!”
Како му рече дедо-Тарло тоа, сете свадбарите се сетија: „Вистина, неје право да се жени Солнце!” Кој на тамо, кој на вамо, сете тргнаа да бегат, и се расипа женидбата Солнчева. Секој си отиде на своја страна, и Солнце така остана неженето, цел век беќар да биди!

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com