Св. Андонија, с. Градешница (Church St. Antonija, v. Gradesnica)

Booking.com

Остатоци од Стара Римска Вила – црква Св. Андонија

Постоењето на Римската тврдина Пешта, како доминантна стратешка позиција во овој регион, резултирало со изградба на резиденцијални вили во село Градешница, во близина на денешниот т.н. „Темнички Вир“.
Според Д-р Бранислав Ристевски од Институтот за Старословенска Култура во Прилеп, на местото на денешните цркви Св. Андонија, Св. Ѓорѓи и Св. Спас, постоел комплекс на римски вили во периодот од средината на II до крајот на III век. Ова било откриено во склоп на опсежните археолошки истражувања, изведени во периодот од 1990 до 1998.
Делот кој се наоѓал на местото во близина на денешната црква Св. Андонија имал резиденцијален карактер и бил наменет за уживање, делот на местото на црквата Св. Спас (над Темничкиот Вир) имал производен карактер и во вдлабените делови од карпите кои јасно се гледаат и денес се произведувало вино. На местото на црквата Св. Ѓорѓи постоеле резиденцијални и производни простории.
Покасно во IV век, вилата која се наоѓала на местото на црквата Св. Андонија, била трансформирана во ранохристијанска црква, остатоци од која можат да се забележат и денес. Постоечката црква Св. Андонија е изградена во осумдесеттите години на минатиот век.

sv-andonija-gradesnica-00

Booking.com