Попов Стале е роден на 25 мај 1902 година во селото Мелница, Мариово. Основно образование заврши во с. Витолиште (Мариовско).
Започна да учи гимназија во Прилеп, а заврши богословија во Битола и Теолошки факултет во Белград. Сепак, тој никогаш не прими свештенички чин или служба.
Пред Втората светска војна работеше како земјоделец, дрвар, овчар, трговец, службеник во тогашната Народна скупштина, општински чиновник, шумар, тутунски работник и др.
Во текот на НОБ го помагаше партизанското движење за што од бугарските окупатори беше интерниран во Неврокопско (Бугарија). По ослободувањето на земјата Стале Попов стана претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, потоа работеше како управник на Шумската дирекција, за на крај, до пензионирањето, да се посвети на педагошката дејност како професор по македонски јазик во Прилеп и Скопје.
Почина во Скопје на 10 март 1965 год.
Стале Попов започнал многу рано да пишува, но како писател се оформи непосредно по ослободувањето. Првите раскази „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ ги објави во списанието „Современост“.
Автор е на делата: „Крпен живот“ (роман, 1953); „Опасна печалба“ (1954); „Толе Паша“ (роман, 1956); „Калеш Анѓа“ (роман, 1958); „Дилбер Стана“ (роман, 1958); „Мариовскиот панаѓур“ (1961); „Мариовски раскази“ и „Итар Пејо“ (раскази). Во ракопис остави богато литературно наследство од необјавена проза: „Шаќир војвода“ (роман), „Необично дете“ (роман), „Доктор Орешкоски“ (роман) и две збирки раскази.
КРИТИЧКИ ОСВРТИ
Алексиев, Ацо: „На своја почва“ (Стале Попов: „Мариовскиот панаѓур“). Современост, 1961, год. 11, бр. 10, стр. 1025-1029
Арсовски, Томе: „Стале Попов: „Крпен живот“, ДКИ за уметничка литература „Кочо Рацин“, 1953“. Млада литература, 1953, год. III, бр. 6, стр. 49-55
Друговац, Миодраг: „Мариовски летопис“ (Кон ликовите на Митра и Доста во романот „Крпен живот“ од Стале Попов). Современост, 1968, год. 18, бр. 3, стр. 280-289
Друговац, Миодраг: „Стале Попов“. Современост, 1970, год. 20, бр. 4, стр. 345-386
Иванов, Благоја: „Стале Попов: „Калеш Анѓа“. Разгледи, 1958, год. I, бр. 4, стр. 478-481
Иванов, Благоја: „Стале Попов: „Крпен живот“ – роман во два дела“. Млада литература, 1954, год. IV, бр. 8-9, стр. 49-62
Иванов, Благоја: „Стале Попов: „Мариовски панаѓир“. Разгледи, 1961, год. IV, бр. 3, стр. 285-288
Илјами, Емин: „Без чичко Стале“ (In memoriam Стале Попов). Културен живот, 1965, год. X, бр. 5, стр. 15-17
In memoriam: Стале Попов. Стремеж, 1965, год. XI, бр. 2, стр. 44-45
Китевски, Марко: „Летописец на македонската земја“ (По повод 75 годишнината од раѓањето на Стале Попов и излегувањето од печат на второто издание на собраните дела). Стремеж, 1977, год. XXI, бр. 5, стр. 413-416
Китевски, Марко: „Стале Попов и народните приказни“. Современост, 1981, год. 31, бр. 5-6, стр. 74-79
Климан, Алдо: „Стале Попов и прашањата на литературната конвенција“. Стремеж, 1984, год. XXVIII, бр. 1, стр. 31-42
Маленко, Димче: „Стале Попов: „Мариовски панаѓир“. Стремеж, 1961, год. VII, бр. 4, стр. 79-81
Мартиновски, Цветко: „Едно завршено дело без конечна оценка“. Стремеж, 1965, год. XI, бр. 6, стр. 16-22
Митева, Димка: „Крпен живот од Стале Попов со посебна семантичка анализа на одделни турцизми во него“. Современост, 2009, год. 58, бр. 3, стр. 57-65
Радически, Науме: „Стале Попов – реалист во постреалистичката ера“. Современост, 1995, год. 45, бр. 7-8, стр. 166-172
Старделов, Георги: In Memoariam – Стале Попов. Современост, 1965, год. 15, бр. 3, стр. 71-73
Стерјовски, Александар: „Интересот на Стале Попов за Првата мариовско- прилепска буна и основите на повеста „Калеш Анѓа“. Развиток, 1979, год. XVII, бр. 3-4, стр. 300-317
Стојановиќ, Мирољуб М.: „Контраверзиите во животот на Стале Попов“. Спектар, 1997, год. 15, бр. 29, стр. 71-82
Стојановиќ, Мирољуб М.: „Некои позначајни остварувања од литературната оставнина на Стале Попов“. Културен живот, 1980, год. XXV, бр. 9, стр. 27-29
Стојановиќ, Мирољуб М.: „Од коегзистенцијата на ропството и насилството до народната свест за потребата од борба за слобода – Прилог кон проучувањето на идејните струења во делото на Стале Попов“ (I). Литературен збор, 1981, кн. 3, стр. 37-58
Стојановиќ, Мирољуб М.: „Од коегзистенцијата на ропството и насилството до народната свест за потребата од борба за слобода – Прилог кон проучувањето на идејните струења во делото на Стале Попов“ (II). Литературен збор, 1981, кн. 4, стр. 51-70
Тоциновски, Васил: „Расказите на Стале Попов жива народна традиција“. Спектар, 1991, год. 9, бр. 17, стр. 61-70
Чашуле, Коле: „Запис за двајца страдалници“ (За Стале Попов, по многу и многу години). Синтези, 2008, бр. 10, стр. 48-49
Џукески, Александар: „Стале Попов: „Калеш Анѓа“. Стремеж, 1959, год. V, бр. 3, стр. 50-52
Преземено од книгата:
ПОВОЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ низ страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Автори
Милка Котевска
Лидија Мирчевска
Издавач
Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола
Битола, 2010
Booking.com