Откријте го Мариово

Стана малка Стана,
поканила Стана
триесет стригари,
и три мали моми,
руната да берат.

Пеја, левен Пеја,
не го поканила.
Пејо, левен Пејо,
 наеро на перо,
шалвари на рамо,
ножици на појас:
-Добро утро Стано!
-Дал бог добро Пејо!
-Ти не ме покани,
јас само ти дојду.
Триесет стригари
триста ми остригле,
Пејо, левен Пејо,
сам триста остригол,
сам си руна собрал.
Извадила Стана
руга да му плаќа,
на сете по редум
руга му плаќаше;
дојде и на Пејо
руга да му плати.
-Неќу, Стано неќу,
руга да ми платиш,
јас тебе те сакам,
тебе да те земам.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu