СТАНИ ЃОРЃИ ДА HE СТАНЕШ – епска песна

Booking.com

Стани Ѓорѓи да не станеш,
те сардиса потерата,
потерата арнаутска.
-Ај подај ми бричевите

и подај ми женско руво,
женско руво велигденско
велигденско невестинско,
и подај ми машко дете!
My дадоа бричевите,
ми обриче мустаќите,
му дадоа женско руво,
му дадоа машко дете.
Ѓорѓи крена машко дете
и излезе на портата;
проговара млад Ѓорѓија:
-Пат правете да помине
невестата с’машко дете!
Проговори потерата,
потерата Бавтир-паша:
-Пат правете да помине
невестата с’машко дете.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: комитска

Booking.com