Откријте го Мариово

Станка и Јанка другачки.
-Ај стани Станке отвори,
цигара да си запаља
и друга да си направа!

-He можа либе да стана,
цел ден су лозје копала,
нозите ми се здрвиле,
рацете ми се ватиле;
оди кај Јанка на госје,
цел ден је дома седела,
бело си платно белила,
бели си нозе адиела,
бело си лице пудрила!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu