Село Старавина некогаш центар на Општина Старавина е лоцирано на 50 км од Битола.
Ова село е познато по приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера и да не се предаде на прилепскиот кадија.
![]() |
From Старавина, Мариово |
![]() |
From Старавина, Мариово |
Куќата на Калеш Анѓа – Калеш Анѓа потекнувала од фамилијата Сирмевци, кои што живееле во ова маало, па кај локалното население оваа куќа е позната како „Куќата на Калеш Анѓа“
Калеш Анѓа била заробена на подмолен начин и нејзиното спасување од домот на кадијата, на некој начин претставува вовед во организирано востание против Отоманската империја или т.н. „Мариовска буна“(1564/65 г).
Населението во Мариово и пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат тврдината Пешта(2), лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода. Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.
![]() |
From Старавина, Мариово |
Поглед кон Тврдината Пешта
Постојат докази дека тврдината Пешта постоела уште од времето на античките македонски кралеви. По Мариовската буна таа ја изгубила својата оригинална намена и била оставена на забот на времето. Денес разрушена, во голема мера и поради бомбардирањето во текот на Првата светска војна, таа останува како нем сведок за бурното минато на овие простори.
![]() |
From Старавина, Мариово |
![]() |
From Старавина, Мариово |
![]() |
From Старавина, Мариово |
Селска Слава: Голема Богородица (28 Август)
Број на жители по години:
СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во |
Име на селото |
Старавина |
|
Дефтер бр. 4 од 1476/77 |
Хане |
Пресметано заедно со с. Градешница |
|
Неженети |
|||
Вдовици |
|||
Годиш. приход |
|||
Дефтер бр. 16 од 1481/82 |
Хане |
38 |
|
Неженети |
|||
Вдовици |
|||
Годиш. приход |
1208 |
||
Дефтер бр. 73 од 1519 |
Хане |
80 |
|
Неженети |
14 |
||
Вдовици |
5 |
||
Годиш. приход |
4156 |
||
Дефтер бр. 149 од 1528/29 |
Хане |
77 |
|
Неженети |
8 |
||
Вдовици |
|||
Годиш. приход |
6929 |
||
Дефтер бр.232 од 1544/45 |
Хане |
63 |
|
Неженети! |
9 |
||
Вдовици |
|||
Годиш. приход |
2190 |
|
Вкупно |
Македонци |
Албанци |
Турци |
Роми |
Власи |
Срби |
Бошњаци |
Останати |
Старавина (-) 1948 |
666 |
.. |
.. |
.. |
.. |
.. |
.. |
.. |
.. |
Старавина (Старавина) 1953 |
741 |
718 |
0 |
5 |
0 |
0 |
13 |
.. |
5 |
Старавина (Мариово) 1961 |
655 |
649 |
0 |
0 |
.. |
.. |
5 |
.. |
1 |
Старавина (Битола) 1971 |
405 |
405 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
Старавина (Битола) 1981 |
217 |
214 |
0 |
0 |
0 |
0 |
1 |
.. |
2 |
Старавина (Битола) 1991 |
43 |
42 |
0 |
0 |
0 |
0 |
1 |
0 |
0 |
Старавина (Битола) 1994 |
26 |
26 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
0 |
Старавина (Старавина) 2002 |
23 |
22 |
0 |
0 |
0 |
0 |
1 |
0 |
0 |
Фуснота: |