Откријте го Мариово

Што е јасна месечина,
што е моме за крадење;
да го крадеш и да бегаш,
да го носиш планината;
бушни буки ладни сенки,

ладни сенки за седење,
студни води за пиење,
меки ковиљ за спиење,
мало моме за гушкање.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu