Откријте го Мариово

Пуштил му, пуштил, пашата:
„Ќак знаје, Стојан да дојде,
„Вардарско Поље да чува,
„Малките моми да луби,
„Ај, калешните невести!
„Баши-бајрактар да оди,

„Жолти жолтици да збира!”
Стојан Петкана не слуша:
Зеде си пушка на рамо,
Јавна си коњо под него!
Од скраја Турци видова,
Од скраја селам даваја;
Друзи му коњот ваќаја,
Друзи го столот клаваја,
Друзи го него ваќаја,
Друзи му пушка зимаја,
Друзи го него врзаја!
Стојан го водат на чајир,
На чингел да го фрлаја!
Стојан си вели, говори:
„Клети, проклетни да биди,
„Кој што си жена не слуша!”

 

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu