СТОЈАНЕ ЛУДА ДЕЛИЈО – лирска песна

Booking.com

Стојане луда делијо,
не кревај стапо на рамо,
не носи весо над око,
не пули моме под око,
не врти стадо крај село;

тешка давија по тебе:
машка си жена заденал,
кметска си ќерка потерал,
зачудо ќе те обесат;
бесилка ти е кладоа
во поповата градина,
на поповата црница;
три села прават давија,
четврто село мартири.
– За машка жена лага е,
за кметска ќерка вистина!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: овчарска

Booking.com