Откријте го Мариово

Стојане луда делијо,
голема тавра на тебе,
лоша давија по тебе,

машка си жена заденал,
мало си моме заљубил.
Ни стои, Стојан, ни чека,
крена си јовен на рамо,
јагне сугаре под мишка
што си појде дур планина:
– Селам алиќум, војводо,
али не верваш по тебе,
па што си пуштил по мене?
Еве ти јагне сугаре,
за машка жена лага е,
за мало моме – вистина!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: комитска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu