Стојанице, мори, Стојанице,
да и носиш, мори, здраво – живо,
здраво – живо, мори, на золвати,
да ми чува, мори, аманетот,
аманетот, мори, в пазувата,
ни од сонце, мори, огреано,
ни од роса, мори, наросено,
ни од ветар, мори, повеано,
ни од месечина зајадено.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна