Откријте го Мариово

Стојанке мори ѓаволке,
ѓавол ти душа извадил,
што многу сношти седевте,
ламба борина горевте,
почесто в земник влевавте;

дали ти беа стројници
или ти беа сводници?
-Ниту ми беа стројници,
ниту ми беа сводници,
туку ми беа вујчеви,
мене ми беа вујчеви,
на мајка беа браќае,
на татко беа шуреви!
-Стојанке мори ѓаволке,
лажи го кого ќе лажеш,
мене немој да ме лажеш;
јас си седев на баџата
со тенка пушка во раце
сакав да тргнам на тебе,
тук жал ми беше за тебе.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu