Што ми остана дете сираче,
покрај себе ништо си немаше,
само имаше краставо коњче,
на коњче ни седло ни оглавник;
го водеше салово појавче,
зоб го зобаше в својте скутови,
a co грсти вода го поеше.
Бог да бие таткови борчлии,
таткови борчлии што ми дојдоа:
-Ој дете, дете.дете сираче,
ај дај ни го краставото коњче,
татковиот борч да се намали!
Дете сираче му одговори:
– Ој ти вие таткови борчлии,
јас пари немам борчот да го платам
не ми е коњче за продавање!
Коњче за чудо ќе му земеа.
Дете си јавна краставо коњче
и си одлита в темни облаци!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: балада