Св. Архангел, с. Клиново

Booking.com

На платото над с. Клиново се наоѓа многу оштетената црква посветена на Св. Архангел.

Оваа стара црква е во употреба се до 1860 година кога во нејзината непосредна близина е изградена монументална градба посветена на истиот светител. За црквата не се сочувани никакви историски податоци ниту е најден натпис современ со подигањето и живописувањето на црквата.

Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида однадвор. Градена е од плочест камен. Од живописот е сочуван само еден фрагмент во апсидната конха со претстава на Св. Богородица Ширшаја небеса.

Живописот се појавува современ на тој од црквата во с. Га-лиште (крај на XVII век) но со многу послаба уметничка реализација.

 

Споменици на културата во СР Македонија

Автори: Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, Д-р Коста Балабанов

Издавач: Мисла Скопје, 1971 г

Booking.com