Св. Димитриј, с. Брник (Church St. Dimitrij, village Brnik)

Booking.com

Црквата во Брник е посветена на Свети Димитрија кој се празнува на 8 ноември.

Изградена е 1887 година што е забележано над влезната врата. Габаритот на црквата опфаќа околу 12х7 метра и висина околу 5-6 метра. Под годината на градбата во полукруг околу ликот на светецот Свети Димитрија има уште еден колоритен напис. Од она што може да се прочита стои: Митре Трпковиќ со синовите Трпко и Ристе иконописец, Косто Никлиќ из Лазаропоља 1927 година.

21

Селската црква Св. Димитрија

 

22

Иконостасот од црква Св. Димитрија

 

Денешните брничани не паметат да имале свој брнички поп. Меѓутоа последен кој служел во селото бил поп Веле од село Црничани. Инаку црквата е добро сочувана која вредните брничани ја реновираа во 2002 година. Поради немање кому да служи ставен е катанец за век и веков, освен за сеуште живите таму родени брничани кои повремено навраќаат, понесени од носталгијата за родното огниште.

sv-dimitrij-brnik-00

sv-dimitrij-brnik-03

Booking.com