Црква Св. ДИМИТРИЕ, с. Градешница, Мариово

Booking.com

На влезот од селото Градешница (Мариово) во општина Новаци, на 52 км растојание од Битола, во селските гробишта е лоцирана мала по димензии црква, која во одредени извори се споменува како Св. Ѓорѓи, а кај народот е позната како црква посветена на Св. Димитрие.

Не пропуштајте: Цркви и манастири во Мариово – незаборавно 4х4 доживување >>>

Црквата Св. Димитрија е еднокорабна градба, полуобличесто засведена. Судејќи по сочуваните столбови со орнаментирани капители веројатно се работи за материјал што бил донесен од постара за потребите на оваа црква.

sv_dimitrija_gradesnica
Имено, познато е дека селото Градешница било населено од најрани времиња, и истото има особено богата христијанска традиција. Доказ за ова е и црквата Св. Андонија на горниот крај на селото, која всушност била стара римска вила, која во 4- 5 век била прилагодена во црква.
Инаку, црквата Св. Димитрија е градена од кршен камен и е особено специфична по ѕидната олтарна преграда — иконостасот, кој ја има дебелината на ѕидот, на кој во фреско-декорација се предадени ликовите на Исус Христос, Богородица Умиление, Св. Димитрие и Св. Никола.
Во наосот, на јужната страна е Деисизната композиција, Св. Архангел Михаил; во втората зона: Св. Јован, Св. Климент, Св. Ана и др.; во третата зона: Лазаревото Воскресение, Крштението, Раѓањето на Христа. На западната страна е композицијата Успеине Богородичино.
Сочуваниот живопис што е насликан во наосот и на иконостасот се разликува од тој во олтарната апсида. Судејќи по третманот и стилските карактеристики, овој живопис, најверојатно му припаѓа на XIV век.
Меѓутоа, животот во олтарната апсида иако асоцира на тој од наосот и иконостасот, според сликарскиот третман повеќе упатува на сликарските остварувања од XV век.

From Св. Димитрија Градешница (Sv. Dimitrija Gradesnica)
From Св. Димитрија Градешница (Sv. Dimitrija Gradesnica)
From Св. Димитрија Градешница (Sv. Dimitrija Gradesnica)
From Св. Димитрија Градешница (Sv. Dimitrija Gradesnica)
From Св. Димитрија Градешница (Sv. Dimitrija Gradesnica)

{oziogallery 168}

Booking.com