Манастир Св. Ѓорѓи во близина на с. Паралово (Monastery St. George, Paralovo)

Booking.com

Во близина на село Паралово се наоѓа и еден од најубавите манастири во овој крај – Св. Ѓорѓи, надалеку познат по своите конаци.

Во овој храм, се верува дека е скриен еден прст од раката на Св. Ѓорѓи.

 

Не пропуштајте: Цркви и манастири во Мариово – незаборавно 4х4 доживување >>>

sv-gjorgi-paralovo

From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)

За време на Првата светска војна, ова село се наоѓало на самата фронтова линија и истото било скоро целосно разрушено. Истата судбина ја имал и манастирот чии што конаци биле целосно разрушени, а храмот Св. Ѓорѓи претрпел сериозни оштетувања.

Селаните биле иселени во Живојно и по завршувањето на војната, се вратиле и го обновиле селото и манастирот, кој денес е еден од најубавите во овој регион.

From Paralovo (Паралово)

Во непосредна близина на манастирот се наоѓа гробот на славниот македонски војвода Ѓорѓи Сугарев, кој со својата чета загина во месноста Чукарите на 24 март, 1906 г.

From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)

Село Паралово и Ѓорѓи Сугарев се споменуваат и во една од најпознатите песни од Мариово „Заплакало е Мариово“.

Мора да се нагласи дека во оваа песна е нанесена една голема неправда врз жителите на село Паралово.

Имено не е точно дека жителите на с. Паралово го предале Ѓорѓи Сугарев, туку тоа го сторил Петар Лигушев, началник на Битолската окружна организација на ВМРО.

Имено, пролетта на 1906 година, поради појавувањето на грчки андарти во Мариовско, Битолскиот револуционерен округ му наредил на Ѓорѓи Сугарев да оди во Мариово и да се пресмета со непријателските грчки андарти. Во тоа време, Петар Лигушев, началник на Битолската окружна организација, главно поради лични интереси, започнал на битолскиот валија да му предава тајни на комитетот.

Така, тој на битолскиот валија му ја предал маршутата на четата на Сугарев која била на пат кон Мариово за пресметка со андартите.

 

Како до манастирот

Гробот на Ѓорѓи Сугарев и манастирот Св. Ѓорѓи се во близина на с. Паралово (~24 km од Битола), и до нив се доаѓа по регионалниот патен правец Р-509 (Битола – Новаци – Маково) на околу 19 км од Битола, на Вештачкото езеро на РЕК (Суводолско Езеро) се врти десно и се вози по самата брана (после рампата) околу 5 км по макадамски пат кој е во добра состојба и е погоден и за лесни возила.

From Municipality of Novaci, Macedonia
From Municipality of Novaci, Macedonia
From Paralovo (Паралово)
From Paralovo (Паралово)

 

Booking.com