Св. Никола, с. Будимирци (Church St. Nikola, village Budimirci)

Booking.com

Храмот Св. вмч. Никола Мириклијски Чудототворец, е подигнат 1875-78, и е обновен по Втората светска војна, зографиран, еднокорабен, со иконостас од ѕид, исполнет со икони – ликови од светци и апостоли.

Во Првата светска војна има оштетувања на црквата – оденесени биле  кандилици, путир, крстови, полелеи, разни црковни книги, св. дарци, антимис и др. Сето било земено од бугарската војска и однесено во Бугарија, како што било случај и со земањето на црковниот инвентар (икони, полелеи, кандилници и др.) и од другите цркви од селата во Битолското Поле.

sv-nikola-budimirci-00
Храмот бил срушен до темел, камењата земени на фронотот за правење бункери. Повторно е  изграден во 1930 год.
Во 2003 г.од жителите на селото е  поправен, ново зографисан, се ставиле нови икони и дарци од верници: лустери, кандилици. Славата на селото им била Петковден (27 октомври), посветено на поранешната стара црква Св. преп. Параскева.

budimirci sv nikola

budimirci 02 pano

Панорама на Будимирци – кликнете на фотографијата за да се зголеми

Текст: Трајко Огненовски

Booking.com