Црквата Св. Спас во с. Рожден е изградена во 1872 година, а живописана е во 1874.
Над јужната врата од внатрешната страна, зачуван е опширен натпис, кој дава мошне интересни податоци:
„Из руку Петре и син его Глигур од Дебарска држава село Тресонче. И бист иереа папа Лазар Стојавих. Во славу светија едносуштнија животворјаштија и неразделимија троици оца и сина и свјатаго духа со повелением божием соградисја сеи божествениј храм Вознесение Христово во лето от Христа: 1872: исписасја во лета: – 1874: и бист епитроп Стојан Костов, Jован Младен, Стојан Ристо, Јанкула Ристо, Коле Пеио.
Jован и Трајко Коле: Jован Марко, Боге Марко, Стојан Дано: Ристо Трајан: Стојан Коле: Трајко Мицко Коле Стојан: Jован Тоде: Jован Трајко Дано Бино Ѓоре Коле: Павле Косте Jован Митре: Коле Паско: Атанас Петко Ѓоре Стојан: Коле Косте Петре Бино: Паско Богдан.”
Над влезот од јужната страна однадвор во нишата каде што е фреската Вознесение Христово стои натпис: „1874 обновени се храм от Дано Ристев син Стојан 1915″.
Booking.com