Откријте го Мариово
Светецот – фреска на Св. Никола во атарот на село Старавина

Живописната природа на река Лешница со години ги привлекувала учениците од селата Будимирци, Старавина, Зовиќ, Груниште и Градешница за пикник локација да ја изберат месноста „Светецот“, така наречена по фреската на една висока карпа.

Не се знае точно од кога потекнува оваа фреска, но познато е дека за време на Првата светска војна на тоа место постоела Руска војничка капела, за што сведочи следната фотографија на која јасно се гледа дека се работи за фреска на која е претставен Св. Никола, со текст под неа кој поради лошиот квалитет на фотографијата не е читлив.
 Дали фреската е нацртана во тоа време или пак токму таа била причината на тоа место да се смести капелата, од расположливите информации не може точно да се утврди. Факт е дека за време на Првата светска војна во близина на ова место минувала линијата на фронтот и на овој сектор покрај српската, имало стационирана и во помал број руска војска.
Француска карта со позициите на војските и линиите на продор – 15 септември 1918
Исто така не е познато дали некогаш е направена анализа на сликарството, со што би се добиле повеќе информации, но факт е дека времето си го направило своето и денес фреската во голема мера е оштетена, па дури и не може да се види за кој светец се работи.

Во прилог – фотографии од месноста „Светецот“ – фотографирани во месец јануари 2018.

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu