Си бил во еден град еден Бег, ама многу чорбаџија. Колку што бил чорбаџија три пати повеќе бил циција.
Ќе појди на сабајле чаршија, цел ден ќе пазари нишчо за јадење и вечер ќе си појди со празни раци дома. Од цицилак да не поарчи никоја пара, нишчо не купувал и повеќе гладен седел од колку сит.
Едно сабајле отишол на една рибарница и пазарил една риба, али никако не можи да се реши да ја купи. Рибарот му бара три гроша, Бегот дава сто пари, Го вати и ручек така на рибарницата, дојде и ужина – оште Бегот се пазари. Рибарот не ја дава рибата за сто пари, на Бегот не му се давајат сто гроша. И с’лнцето зајде. Таман приквечер, ете го еден аргатин кој сиди од работа. Co мотиката на рамо помина покрај рибарницата и ја виде рибата што ја пазари цел ден Бегот. Едно видување, го бендиса и го праша рибарот:
– Колку пари таја риба?
– Три гроша – рече рибарот.
Извади овој три гроша, му ги врли на рибарот и си ја крена рибичката.
Бегот сега остана зачуден. Он Бег, чорбаџија, не знае ни сам колку пари и сермија има и цел ден ја пазари рибата, за 20 пари – не може да се погоди со рибарот, a овој – обичен аргатин, кој знае дали му остана ошче некој грош за леб, едно видување рибата, ја купи и ја однесе. He знаје да се начуди Бегот.
Овој, сиромашецот си имаше дома женичка, дечиња три четири. Кога го видоа татко си со риба в раце, опашки, опашки околу него, радоси до тука бидува.
На Бегот му се ареса оваков ќеф во куќата на сиромаот и му влезе дома.
Добро вечер, бре синко.
Дал ти Бог добро, Бег. Добро дојде.
Добро најдоф.
Сполај Богу и здраво живо. Бегот седна и му вели на домаќинот:
А бре, побратиме, ќе те питам, ама право да ми кажиш. Како живееш ти со сиромашчината? Гледам кај тебе се полно, се рамно. Ти весел и задоволен. Жена, деца токо скакајат околу тебе. Се гледа оти сте среќни и задоволни.
Сиромаот го почести Бегот каве, ракија, што дал Господ и најпосле го задржа и на вечера да касни од рибата што не можеше цел ден он да ја купи. Дури вечераја му исприкажа на Бегот како живеје со децата.
Јас вели сиромаот сум обичен аргатин. Ќе си ја земам на сабајле мотиката, копачката или лопатата, што време је и каква работа има, и ќе си излезам на пазаришчето. Ќе земам ѓундулук. Ако ме викни некој чорбација да му поработам денеска, ќе земам петдесет гроша, ќе купам за децата лебец и солца. Утре, дал Господ ќе си повечераме со децата, па утре, пак така. И хвала богу. Здрави сме, живи сме и живејеме сиромашки. He сме се прејале и препиле, али со работа и со господинското име не сме останале ни гладни. Што извади, тоа изведи, стопанка му.
Си повечераја од рипката и Бегот сака да си оди жената и домаќинот го запирајат. Доцна је, честити Бег, кај те пушчаме сега да си одиш. Да ти се стори нешто лошо, не дај Боже, није да си ја земиме белата. И Бегот кандиса. Си остана. Ама, мислите да заспа цела ноќ? He, бре брате. Цела ноќ мисли: како вака овој сиромах ич нишчо нема, ич гајле нема? Ако вати денеска ѓундулук, ќе јади, ако не, и гладен ќе си легни, ама пак весел и задоволен.
Си станаја сабајлето жената и мажот и таман мажот се спреми да излезе на пазаришчето да бара работа, стана и Бегот и му вели:
Е, побратиме, ти мене ме дочека и ме нагости сношчи и ниќеска, сега, биди азар, ќе одиме кај мене. Ќе пијеме еден кафе, една ракија, па оди по работа.
Се ењка сиромаот, се витка: јок ќе изгуби гундулукот, јок не је он за беговска куќа, како ќе се појави кај пријателите од бегот така искинат, извалкан, бос? Шундури, бундури, најпосле ја пита жената што ќе му речи.
Mope човеку, ами тој је Бег, најпосле и ако те задржи да изгубиш ѓундулукот, може да ти го плати. Иди и види му и ти домачинл’кот како што ти виде он тебе.
Ти се дигнаја, братко ми ти мили, опацупа, дури кај Бегот дома. Mope сега овде: добре дојде, добро најдоф, бре ош, бре дрш; дотрчаа измеќарите од Бегот, дојде и анумата, и Бегот и расправи кај беше ноќеска и како помина кај сиромаот, што виде кај него и се што беше од рибницата та дури до сега. Бре каве, бре ракија, море го запреја на ручек. Он сирома токо се топи, едно срам, друго од страф, не знаје што ќе биди по натамо, а не му се седи оти може да изгуби ѓундулукот, па да остани до вечер и без лебец за децата. Ручок дојде и помина, не го пушта Бегот ништо живо. Најпосле се приближи вечер и се замрачи.
Тогај Бегот го викна сиромаот и му вели:
Еве едно бурило со пари. Оште една длан да се доп’лни. Јас го полниф, полниф, не втасав да го дополнам, а тебе алаф нека ти е сет и со здравје да ги јадеш. Јас од ниф не видоф никаков аир нити ми требајат. Земи ги и кркај ти со децата кога не умејам јас да ги јадам. Твој к’смет биле.
Сиромашецот кога виде п’лно буренце парички, умот му зајде. Кој знае дали не го подзима бегот, па да му извади некое беане да му ги украл. Али, Бегот навали:
Ја ќе ги земиш, ја чаре нема.
Виде, не виде, си го крена буренцето, или си го завалка, тоа не знам право да ви кажам оти не беф таму да видам, и си го занесе дома. На жената и викна уште од вратата:
Жено, мори, овамо да видиш бакшиш. Само Бог оваков бакшиш може да даде. и и го покажа бурето со жолтиците.
Ами сега, дека ќе го скријеме, бре слепче?
Овамо онамо пак во изба. Си го сместија бурето на сигурно место и сабајлето овој пак отиде да бара работа.
Денеска извади петдесет гроша, купи што ќе купи за дома, децата да не умрат за леб, другите клавај во бурето. И он сака да го дополни. Денеска така, утре така жената му оголе, децата обосеја и огладнеја, а он клава ли, клава во бурето, ами пусто, не се доп’лнува никако.
Најпосле жената му се исправи:
А бре, човече рече није дури бевме без буре пари живееме триста пати по арно отколку сега. He гледаш ли бре, слепче, дека децата ќе ни изумрат гладни, голи и боси? А ти токо го п’лниш пустото буре. Земи да му го однесиш на Бегот, пусто нека му остани со се пари и сосем него. Да биле аирлија тие пари не ни ги даваше он нам, он ќе ги јадеше.
И најстина, ка поразмисли сиромаот, така излезе. Зошто му се пари кога нема мир дома?
Стана, ваќа на рамо бурето, пукачука дури кај Бегот. My го врли на сред двор и му вели:
He било ни мој к’смет. Како ми го даде, така ти го враќам. И му исприкажа алот дури беше бурето кај него.
Бегот не се ни опули во парите, токо му вели на сиромаот:
Mope побратиме, занеси го во избата бурето кај што беше, та ела да пијеме кафе.
И овој отиде. Таман го остави во ќошот кај што беше, токо хоп, еве го еден стар Турчин со брада до појас и му вели на сиромаот:
И донесе ли бре, синко, парите?
И донесоф, ефенди, ами кој си ти? Старијот му вели:
Јас сум татко на овој Бегот. Овија пари моја печалба се и јас сум ги поклонил на ТАРАКЧИ МЕЈМЕД во Солун. Негов к’смет се и тој ќе ги јади. Како сакате вије скакајте околу ниф, не су ваш к’смет.
Во тоа време Бегот слушна разговорот во избата и, како излезе сиромаот, му вели:
Co кого правеше муабет, бре побратиме? Co татка ти вели овој.
Како со татка, бре пријател кога је он умрен пред триесет години? Сиромаот му исприкажа се како му се јави стариот и како рече дека овија пари ќе ги јади Таракчи Мејмед од Солун.
Нејсе, сиромаот си отиде, си почна старијот и задоволен живот, а Бегот остана да мисли. Како да ги јади Таракчи Мејмед неговите пари? Во голема лутина се реши:
„Море ќе ги врлам во реката и не ги давам на друг да ги јади.”
Викна утрото два мајстори, зеде два трупа борови и му вели на мајсторите:
Де да ми издлабите овија трупјето и да му наместите озгора по една штица така убаво да не се познава дека ќе биде закована. Мајсторите направија што сакаше Бегот, си зедоа ѓундулукот и си отидова по дома.
Си стана ноќта Бегот. Бурето со парите го извалка од визбата, ги истури парите во трупјето, закова штиците одозгора и оште со ноќ спрегна колата, ги занесе и ги врли во реката.
Ах, сега нека ги јади Таракчи Мејмед уздина и се врати дома задоволен што не ќе ги јади неговите пари Таракчи Мејмед, кого не го ни познаваше. Трупјето ги зеде водата, ајде, ајде, и однесе дури во морето кај Солун.
Таракчи Мајмед беше чешљар во Солун. Секоје сабајле излеваше покрај морето да види белким ќе исврлат далгите некоје дрвце да го вати да направи некој чешаљ за коње, волови. Овоа сабајле, кога излезе покрај море, и кога вака, ене два трупа на крајот исврлени од далгите. Се обрадува сирома Таракчи Мејмед:
Ах, сплај му на Господ вели. Има цела година да правам чешли од овија трупје. Си се собу, цапацупа, си ги извади трупчињата, зеде една кола па си ги однесе дури дома. Кога му удри секирата да ги расцепи, има што да види: џцррр, се истурија пустињите лирички.
Ех, Бог да му ги даде!
Денеска утре, денеска утре, се прочу Таракчи Мејмед. Накупи куќи, дуќани, лозја нивје, ливади. Се стори жими Таракчи Мејмед во цела земја.
А Бежето што си ги врли паричките, западна, осиромаше, оголе. Од уста до уста, дојде до уши на Бегот дека Таракчи Мејмед во Солун нашол два трупа п’лни пари, па најпосле се реши да оди во Солун и да му кажи сета истина на Мејмеда и да му бара некоја пара од неговите да се зарани. Намисли и тргна. Појде кај Таракчи Мејмед, му исприкажа се по ред како беше и што беше, го моли да му дади некоја пара да се поткрепи.
Таракчи Мејмед го нагости ден, два, три и Бегот сака да си оди. Арно, ама Таракчи Мејмед ја пита жената дали да му дади некоја пара на овој пропаднатијот Бег или не. Она му вели:
Он нам парите не ни ги донесе овде да ни ги даде ами ти ги најде во морето. И није ќе му дајме нека се закрепи, ама онака како он што ни ги прати да не знаје оти ќе му дајме. Ете, јас ќе станам утре, ќе месам една погача, ќе му туриме еден грс два лири, па нека си оди, а ти ќе му речиш оти братко мене Господ ми ги даде овија пари, јас не знам чији биле и ако давам на сете што ќе дојдат и речат оти биле нивни, што ќе остани за мене.
Така направија. Домаќицата на Таракчи Мејмед замеси во погачата дватри грста лири, ја испече и му ја кладе во торбата на Бегот да му се најди за патем. Си го наручаја и си го испратија. Ни кавга ни ѓурунтија. Кој му је крив кога неје прав. Он му ги прати и има право да не му дава пошто сете беја негови, што можи да му прави?
Таман на половина патот ете ти пољаците од лојзата на Таракчи Мејмед кај печат јагне. Покрај патот студена чешма, околу чешмата сенки, ливади, слезе Бегот от коњот да се одмори и да поруча.
Мераба јао. Мераба Бег.
Што правите овде бре синко?
И чуваме лојзата на Таракчи Мејмед, Бег. Го питајат пољаците:
Кај беше Бег?
Кај Таракчи Мејмед вели он.
Лаф муабет, се упознаа и ајде Бегот на јагне кај пољаците. Се накрка и ќе стани да си оди. My текна оти има во торбата погача, а времето је близу ужина, за вечера ќе си биди дома кај анчето. Си вели со умо: „Што да ја носим погачата дома. Можда ми направила Таракчи Мејмедица некоја маѓија, ами чекај да му ја дадам на пољаците и да му се заблагодарам на ручокот. Ваќа погачата од торбата му ја дава. Co здравје нека си ја јадат.
Пољаците ја гледаја погачата добра, али не се гладни. Сега го окракаја јагнето на Таркчи Мејмед. Еден вели:
Да ја чуваме за утре. Други вели:
Да ја продадиме за тутун или ракија а еден вели:
Ајде утре да му ја занесеме на Таракчи Мејмед, белки ќе ни дадни некој по голем бакшиш.
Си станаја, братко ми ти мили, си ја зедова погачата, па си му ја занесова на Таракчи Мејмед.
Кога ја виде Таракчи Мејмедица, оште малко ќе паднеше на грб да си го скршн носот. Ја скрши погачката, си ги извади лиричките и си прод’лжи да си живее богато со Таракчи Мејмед.
Ете така, туѓ к’смет не се јади никогаш.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов