Тегавецот е ниско разгрането растение, кое расте на влажни места, покрај ливади и покрај патишта.
Има повеќе врсти на тегавец, а коко лек се употребуваат: тесен, среден и широк тегавец. сите се многу лековити, со исто својство и можат да се користат листовите во форма на чај, сируп и тинктура.
УПОТРЕБА:
Тегавецот е многу популарна билка за лекување на рани, чиреви, гнојници, апцеси, против жолтица, воспаление на бубрези и мочни патишта, незадржување на мокрача, афти, хемороиди.
Чај или сируп од тегавец се употребува против бронхит, астма, емфизем, грип, туберкулоза, воспаление на уста, грло, стомак, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, крварење на рани, кај каснување од куче, инсекти и змија.
Тегавецот се користи за ставање облоги на болните места и за премачкување, при рак на кожа, чиреви, чешање, пецкање, воспаление на кожа, рани и посекотини.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com