Етно куќа „Тео-Дор“ – с. Градешница

Етно куќа „Тео-Дор“ – с. Градешница

Сместена веднаш покрај Градешка река во село Градешница, етно куќата „Тео-Дор“ е вистинско прибежиште за сите оние кои уживаат во релаксиран одмор во природа.

Традиционално уредена, куќата е сместена веднаш до густата шума, дебелите сенки во дворот ви овозможуваат совршено разладување во жешките летни денови.

Во горниот спрат од куќата, гостите имаат на располагање две традиционално опремени соби, со по три легла, а на долниот спрат се заедничките простории за дневен престој, кујната и тоалетот.

Контакт и повеќе информации:

Фото галерија

Локација

село Градешница, Општина Новаци

Село Градешница административно припаѓа на Општина Новаци. До селото води асфалтен пат во должина од 52 км од Битола. Етно куќата Тео-Дор се наоѓа на самиот влез од селото, пред мостот се исклучувате кон десно, по земјен пат во должина од околу 200 метри.