Откријте го Мариово

Ти да дојдиш бела Бојке
на трлото, на лаката,
ќе ти зготва слаток ручок,
слаток ручок благо млеко,

 да испериш широк вустан.
-Вода немам, лудо младо!
-Твојте очи, бела Бојке,
два кладенци студна вода.
-Сапун немам, лудо младо!
-Твојте раце два калапа,
два калапа миски сапун.
-Копан немам, лудо младо,
копан немам да г’исчукам!
-Твојте нозе два копана,
два копана становити.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu