Тиквата е едногодишно зељестo растение со ползаво стебло до 8 метри, на кое има многу боцки.
Лисјата на тиквата се големи и срцести, на рабовите назабени, имаат долги дршки. Цветовите имаат жолта боја. Плодот е голем и тркалезен, внатре портокалов или жолт и има семки. Билката се одгледува како градинарска култура.
УПОТРЕБА:
За лек се користи плодот и семките.
Плодот од тиквата содржи витамини, минерали, пектини, ендеми, шеќери, белковини и друго, а семките содржат: масло до 35%, витамин Е, гликозит-пепорезин.
семето се употребува против цревни паразити (тенија и детски глисти). исто така, семето е добро за болни од зголемена простата (така што семето се приготвува пресно или како чај).
Плодот се употребува како добра храна богата со витамини и минерали, го зајакнува видот, за растење на децата, правилна функција на стомакот и цревата, жолчката и црниот дроб, при болести на бубрезите и мочните органи, ја нормализира столицата, го намалува шеќерот во крвта, против тешки кожни болести (псоријаза).
Надворешно се употребува против чиреви, рани и апцеси.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com