Откријте го Мариово

Ти пули мене, јас пули тебе,
оф аман, аман, јас пули тебе,
ни ти кај мене, ни јас кај тебе,

денес су тука, утре ќе сјода,
утре ќе сјода на мој виљает,
на мој виљает долу Костурско,
долу Костурско две слнца греат
две слнца греат, дваш леб се раѓа.
Рачај порачај што да ти купа,
што да ти купа, што да ти пушта;
дали пари сакаш, дали книга сакаш?
– Ниту пари сакам, ниту книга сакам,
парите се трошат, книгата се кине,
туку те сакам тебе до мене,
тебе до мене н’една постела,
н’една постела, н’една перница,
н’една перница, на рака десница!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu