Откријте го Мариово

 

8.
Кога се раздели Толе од војводите, со него, покрај неговите осум души арамии и Мише Ќосото, останаа од прилепската чета сите четници што беа родум од Мариово, меѓу кои и Стојо Којде од самото Орле и Петко Кормакот од Маково.
— Е, деца, како шо гледате и ние останаме баеги на куп. Јас вела и ние да се разделиме на две три чети, за да можеме полесно да се криеме и раниме! — им предложи Толе на овие другари.
—    Добро, бацко Толе! Ка ќе речеш ти така нека биде, — одговори Стојо, — ама пак ние тебе те сакаме да ни бидиш главабашија.
—    Лесна работа е за главабашија, џанум. Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети:
—    Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш. Петко нека и земе маковци, бончани, рапешани, црничани — нека го држе „Смечот” ондеа; на Андона — ќе му и дајме неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци — нека се вртка по Ливада и Дренска планина, a јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук” преку Црна, бидејќи пред два три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери. И така, кога Сарафовци денуваа на „Ливада” и кога ноќта се разделија, Толе почиваше крај своето Ќосе во Вепрчани, а Андон крај Андоница во Дуње, за да дотрча околу полноќ во Вепрчани и да му јави на Толета, дека Бахтијар ја испрати војската по нив по Селечка.
—    Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
Но уште убаво не беше разденето — почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса, која беше на петшест километри од селото.
Нарипаа четниците од Толета и Андона, дојде и Толе со Андона и Ќосото и почна да се чуди.
—    My реку јас побрго да се влечкаат оти ќе и згашчи Бахтијар, а тиа како брливи се заврткале тука! Тих; орман да ватат, пак сака да и откинуваш! Ќе не повлечат и нас да влеваме в оган, бесот да и вате! — се замисли Толе и нареди на еден од четниците да види што стана со ручекот — да го забрза.
—    Ќе причекаме, деца, да видиме белки сами ќе се ископелкаат некако. Ако и сардисаат како на Маргара, ќе се влева во бој, нема чаре. Кога веќе се најдоме тука греота и срамота е да и оставиме, макар тие да си го бараа сето воа.
—    Ти ка ќе речиш, башко Толе, ти. Ако е за влевање, ќе влеваме. Наши луѓе се сете тиа. Ако а грешиле сега, белки ќе а погодат утре, шо е тоа лав непомагање — се искажа за сите Ќосото како најблизок „четник” на Толета.
Ручекот втаса уште кај десет саатот. Се наручаа Толевци убаво и слушаат белким ќе престанат грмежите, но тие уште се засилуваа.
—    Аха! Виа побратими пак заглибиа! — почна да се чуди и тревожи Толе. — Ќе се оди, деца, ќе се оди, токо гледајте со ум. Гледајте во мене, јас шо ќе права — правите и вие. А ако дојде нешчо да не распердушат и нас, ќе се бараме преку Црна во Врпско. Кој каде ќе може нека а преоѓа Црна и нека a ваќа Становица златна — си ја даде Толе командата и го јавна Белчета тргнувајќи на сред бел ден во заштита на опколените Златковци и Железаровци на ЛиЃураса.
Турците, зафатени со сражението, не се сетија да погледнат назад и да видат што иде зад нив. А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа, како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки пак в грб на аскерот.
Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми. Веднаш нареди на буризанот да засвири тревога. Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието. Некои разбраа дека буријата свири отстапување, толку повеќе што Толевци почнаа да фрлаат и бомби токму зад нив. Се направи во главите на офицерите и чаушите една збрка,та први тие летнаа да бегаат надолу. По нив аскерот, a пo него се спуштија четниците и уште со пo некоја запазена бомба го скинаа и овој кордон, како оној на Маргара.
— Вамо, бре едепц’зи ниедни, кај кршите глава по аскер, не гледате шо сила е! — почна да вика Толе од својот коњ кога го виде обрачот скинат, а четниците надвор од него.
Дадоа некако знак за повлекување на исток и се источкаа низ растот тие што останаа живи; се ставија со Толевци, оставајќи го Пешковчето и десетина петнаесет четници и на овој црн врв. Го прегрна Тодор Толета и го избакна. Се избакнаа и неговите четници со Толевите и Толе ги поведе по мракот сите кон Вепрчани, откаде уште истата ноќ ја прејдоа Црна и ја фатија жиовската Станоновица. Ги снабдоа вепрчани дента со леб и Андон ги испрати по сртот Зелка, Ѓурѓишта, Трибор, Перун, Козјак, Добро Поле, Соколот, го фатија Кајмакчалан и си отидоа на мушата: Леринско, Воденско и Костурско, да се сретнат со Иванов, поп Трајков, Апостола, но без Цилета, бидејќи и тој падна во ова време како Пешковчето на ЛиЃураса.

Не пропуштајте

Close Menu