Толе Паша II том – Стале Попов

 

 

3.
Во знак на преголема радост, четниците на Толета вртеа на ражни на Баѕерот над Будимерци два брава и една јаловица. Се дочекуваа воскреснатите другари Шаќир и Ѓуро, кои оживеа и се вратија во својата чета.
—    Та така, Крсте? Ја дупнате, велиш Катилана?
—    Их! дури пет да речеш, — одговараше Шаќир на прашањето од Трајка, Најда, Андона и другите четници.
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се борат и валкаат.
—    Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава — се провикна Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати. Се слекоа по кошули и се грабнаа да се борат.
Крсте беше млад и јак, но со Трајка не можеше да се мери, та за час се најде под него.
—    A! a! а! не го ранел добро царот, не! — се пронесе смев од целата дружина.
Во тоа време под големиот бор седеа Толе и Јован, сами и тивко шепотеа.
—    Та така, Јоване, така. Неа друг освен тебе не а познава. Само ти тоа добро можиш да ми го направиш. Да не ме издадиш пред другарите, а јас сам нема да се издада. He бери гајле.
—    Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
—    Нишчо, нишчо. И таа си а знае работата. Алишча има, пушка велиш си и купил, косата ќе а потсече. А колку шо паметуам и едното уше и е зараснато, та една обетка ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун. Само ти, ти да не не издадиш.
—    Тогаш да а прибереме. И така таа ошче не е пријавена во уќуматот. Се крие кај браќа и во Витолишча. Баре тамо а остави јас, та шо направи зимоска, не знам.
—    Тамо е, тамо. He мрднала ни чекор од дворот. И само нарачуа да а прибера. He може таа без мене. А право да ти кажа и јас некако осамотен се осеќам без неа. Шо ќе ни пречи ако а прибериме? Ете, јас слушна за некој си Мише Ќосото, што паднал апцана, та ќе се претстави дека и таа како тебе му се искубала на агите и не најде нас.
—    A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
    Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на друтарите.
—    Mope, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го олободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
И навистина, една вечер доведе Мисирлијата од Витолишча во четата на Толета еден „четник”.
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник. Само женственото лице и обетката на десното уво можеа да предизвикаат во прво време малку сомнение, но четникот рече дека му се амајлија од баба му та ништо чудно не се предизвика со тоа.
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
—    Добредошол, добредошол! — повикаа сите четници и се избакнаа со новиот другар.
—    А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
—    Митре ми е името, ама, како шо знајте мајките не викаат на галено, та Мише се викам сега. А бидејќи немам мустаќи ме викаат Мише Ќосото. И за вас нека бида Мише Ќосото.
—    Да си жив, да си жив, јунак. Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, — се нашакува задоволен Толе и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го продолжи комитскиот живот во нејзина близина.
—    My се бендиса на војводата Ќосото и стално со него го води. — Направи забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото.
—    Поризливо е детето, затоа му се бендиса, — одговараа другите четници и не му даваа особено значение на тие блиски нивни врски.

*
He помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари. „Има да свршиме една важна работа” — нагласуваше Петре.
—    Шо мислиш, шо работа ќе биде, та без мене шо не може да се сврше? — го запраша Толе Шаќира, а во себе си помисли. „Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика на пеење”.
—    Ами шо… Сигурно некој ага треба да се проплеска, та вели војводата, ти си стар мајстор за тие работи; што може друго да биде? — му одговори Шаќир на кое Толе се израдува, а како утеха за „пеењето” си додаде во себе: „Зар, пак војводата Петре не се вртка околу Пацето во Вепрчани? Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша. Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани. Го најде Петрета во колибата на Костевци, навистина со Пацето, кое беше дошло да му донесе на бацка си Петрета алишта за преслекување. Толе на лице се убеди дека и „дедот” Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
Но Петре веднаш го испрати Пацето в село, а го тргна Толета на страна, оставајќи го Трајка со четниците и почнаа разговор двајцата:
—    Слушај, брат Толе! — почна Петре. — Овие дни ние со тебе и со твојот другар ќе треба да го минеме Полето и да отидеме по една важна работа онаму, во Демирисаријата. Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да не одведеш? Ама ни господ не ќе треба да разбере.
—    Таа ли е толку важната работа шо не исплаши со Крстета! — се провикна Толе и се удри в гради. — Јас. Кога сакаш — тогаш. Ако сакаш ошче денеска денски. Го познавам Полето мошне убаво, а ако ни притребе и некоа помош, во секое село имам свои луѓе. Зошчо толку години оди арамиа, лели за пријатели и душмани да наваќам. И… дал господ и такви, и такви. Ќе појдеме, ако сакаш и во Елбасан по тутун и маслинки — му одговори горделиво Толе и разговорот се сврши.
My ја остави Петре четата на Костета Тројачанчето и го покани Толета да го води.
—    Правец: селото Смилево, — му проговори Петре и потона во мисли„ та цела ноќ не проговори ни збор.
Толе напред, Петре по него, Трајко по Петрета; меѓу Мусинци и Канатларци го фатија Тополчани за да прејдат на мостот, оти Црна во април не се газеше. Тоа беше најкритичното место, но Толе не му придаваше никаква важност.
—    Ако има стража, или двајца или четворица се. Повеќе не можат да бидат — го тешеше Толе Петрета и му го покажуваше силниот Брниклија, кој со нокти му ја извади душата на војникот во Брник.
Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем Гар”.
Оддалеку ги пресретна „овчарот” и проговори: „Солун”, на кој збор Петре му одговори: „Слобода”. Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета да влезе во првата колиба со „овчарот”, а самиот тој продолжи до втората, што беше само на десетина метра оддалечена од првата.
Толе и Трајко влегоа по овчарот и овој им ги претстави на тие што беа внатре.
—    Co прилепскиот војвода се другариве,
—    а кон Толета и Трајка:
—    Овие другари се со други војводи дојдени, вардете, бидете азар за секој случај.
Десетината петнаесет четници што беа во колибата се поздравија со Толета и Трајка по комитски: „Смрт или слобода!” — и се распрашаа меѓу себе кој со кој војвода е дојден, та падна збор и кој како се вика.
Кога Толе си го кажа името и прекорот
—    Паша, сите четници се загледаа еден со друг и го засипаа со разни прашања, очигледно доволни што им се даде можност да го видат лично легендарниот арамија Толе Паша за кого одамна имаа слушано безброј легенди. На сите некако им се олесни на душите, бидејќи имаа слушано дека Толета куршум не го фаќа и по таа причина агите избегаваа да се судруваат со него. Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе те прашам, бабо”.
Толе ги распраша сите каде одат, со кого дошле и зошто!
—    Ние сме со Никола Карев, — одговорија двајца.
—    Ние со Сарафов идиме дури од Софија, — горделиво рекоа други двајца.
—    Ние сме од четата на Чакаларов, — одговорија трети.
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе биде, никој точно не знаеше да му објасни. Сите рекоа дека тие се охрана на војводите во случај на опасност, а што ќе решаваат овие, ќе слушнат одутре.
—    Демек, ние ќе бидеме заштита на војводите дури тие решаваат нешчо? — запраша Толе и некако се сневесели, дека, ете, такви војводи ќе решаваат, а сами не можат да се вардат. И како да се навреди што во случајов е само четник на Ацев а не и војвода, како што му рече Петре на Ливада кога му ја врати пушката.
—    Добро, нека му е аирлија работата. Ќе и вардиме кога му е толку стра од агите.
—    А тебе ич ли не ти е страв, брат Толе? — го праша некој од четниците.
—    Да ми беше стра не оде јас толку години сам, со Трајка овдеа и другите другари, даи бркам гордо одговори Толе и почна да им раскажува како сите потери се вардат од него, место тој да се варди од нив.
Дури Толе разговараше во оваа колиба со четниците, Петре се поздравуваше во другата со Дамета Груев, којшто како местен работник и човек им го претставуваше на тие што не го познаваа.
И оваа колиба, како првата, беше полна со „горски” луѓе. Тука беа, покрај Груев, и сите главни војводи и раководители на Организацијата.
Тој ден (19 април 1903 година) Смилево беше празнично расположено. Луѓето не излегоа на работа, а жените од зори се зафатија да готват. Се намесија погачи, се насукаа баници, се напржија кокошки, та дури и неколку јагниња се однесоа на фурната. Се спремаше селото да ги дочека претставителите на Организацијата.
—    А бре, што ќе бидат она војводи што се насобрале во Миховите колиби? — го праша Секо Маруш месниот војвода Ѓорѓија Чурана, кога се врати од стража пред колибите и ги виде сите што дојдоа таму.
—    Си имаат работа, Секо. Ете, нашево село го избрале да се соберат и да се разговорат, — му одговори Чуран и се запати од куќа до куќа да провери како стојат работите со ручекот и вечерата.
Ручекот се однесе во колибите, а за вечерата Даме му рече на Ѓорѓија да се спреми в село.
—    Ќе нарачаш еден конак за дваесеттина души кај сватот Колета Коштрета. Знаеш, неговата куќа е на крајот и има поголема одајка. А другите ќе ги кладеш во блиските три четири куќи по десетина. И… добро води сметка? Еве, да ти кажам оти на нашево село му падна таа голема чест да ги прими и угости најголемите и први дејци на нашата Организација. Ќe имаш можност да ги видиш сите наши раководители. Тука се сите, — и му ги наброја сите војводи и раководители што беа собрани во колибата.
—    Гледаш? Скоро целиот Централен Комитет е сега кај нас, и ќе остане неколку дена — три четири — може и повеќе. Затоа добро отворете ги очите да не стане некое предавство, да го запишеме Смилево во црната книга, — заврши Даме.
Ѓорѓија си ги поткасна долните муцки и слезе в село не прашајќи го Дамета зошто се збираат, и тоа баш во неговото село. Ги собра десетарите и им ја пренесе Дамевата порака, а овие се распоредија понатаму да ги осигурат животите и мирната работа на војводите.
Околу мракот Ѓорѓија со тројца десетари пак накачи на колибите и во вечерната мугра гостите тргнаа кон селото. Ѓорѓија напред, Даме по него со војводите, а десетарите зедоа по десетина души четници и ги сместија по одредените конаци. Селската стража веќе ги фати пристапните места кон селото.
Облечени, обуени, со пушките в раце и сакмите на рамена, изнаседнаа по долгите клупи во Коштревата одаја сите два триесет војводи и раководители, а стрина Цвета Колевица веќе влезе со кафето. Редот ја носи. Гости чека иако е Петровден по три месеци. Ги дочека да го испијат кафето, ги собра филџаните и излезе, а Даме му нареди на Ѓорѓија да постави еден од десетарите на вратата и никого да не пушта во одајата без негово одобрение. Сам излезе пред гостите и со два три збора им пожела добродошлица и успех во работата, па му даде збор на Лозанчев како претставител на Централниот Комитет од Солун. Овој стана од местото и дојде кај Дамета, та го отвори собранието, поздравувајќи ги присутните делегати.
Во текот на петдневната дискусија се изредија говорници „за” и „против” општо востание, дури најпосле Даме со неколку збора не ја прекина расправијата.
„Бре, луѓе, не си го губите времето да го разрешувате прашањето: ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено од нашето раководно тело ЦК. Зборувајте сега за востанието како да го правиме и кога, а не дали да го правиме”.
Петре дочека да заврши конгресот со работата и со голема тежина на душата ги прими директивите за дејствување во неговиот реон. Тој ги зеде Толета и Трајка и се врати кај четата по Ливада. Таму го најде Перета, зачуден, и кога се сретна со него и му ги пренесе добиените директиви, овој длабоко

воздивна и промрмори преку заби: — Ах, Петре, што направија, од дрво нога, од камен глава да си направат; го фрлија народот во оган без време!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *